Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за овие да му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ

39
Фото:фб

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Радовиш, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Мицкоски зборуваше на темата за состојбата со правосудниот систем во земјата.

Според него, правосудството е слуга на политичките елити од минатата власт и истите остануваат неказнети, затоа што нивната заштита не е правдата, туку, како што вели тој, неправедниот систем, корупцијата, непотизмот, и врските кои тие ги направија во судството и обвинителството. Од друга страна, нервозата на оние кои се нафатиле да бидат слуги, според Мицкоски, не е затоа што јавноста им бара резултати, туку поради тоа што сега ќе мораат да дадат извештај за тоа како работеле и зошто немаат резултати, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Објаснувањето за 2% доверба ќе го видите токму во потеклото на овие судии кои се или од СДСМ или од ДУИ. Но, иако се нервозни, иако на секое мое кажување на вистината за судството тие реагираат и паничат како да е загрозена нивната независност, треба да знаат и тие и нивните газди политичари дека доаѓа денот кога мора да се понесе одговорност “, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека нервозата е исто така присутна кај лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.

,,И затоа е нервозата е сè поприсутна кај претседателот на СДСМ, и затоа се тие негови нервозни реакции пред камерите и на митинзите, затоа што знаат дека ќе се соочат со одговорност и дека тоа нема врска со тоа кој на чија опција припаѓа, туку единствено има врска со криминалот кој што го правеа 7 години додека здружно беа влада со ДУИ “, кажа Мицкоски и додаде:

,,И затоа се спремни на трикови, подземни игри и нечесни коалиции. Знаат,  подготвени се да се сојузат и со црниот ѓавол само за да си ги спасат кариерите. И донекаде можам да ја сфатам играта на претседателот на СДСМ, која не е негова, туку со сите сили се труди да игра за да го спаси неговиот ментор, неговиот гуру“.

Мицкоски истакна дека истиот тој Филипче, се обидува да го брани неодбранливото.

,,И можам да кажам, човекот навистина вложува многу енергија, се труди од петни жили, го брани неодбранливото, но треба да биде свесен дека секоја негова игра е прозирна и се гледа од месечината, каде јасно се гледа дека ова не е трка и борба за победа на СДСМ, туку трка и борба да си ја спасат сопствената кожа. Зошто? Ако беше поинаку, кога ќе ги видевте осојузени на едно место, на купче Венко, Димче, Али и Стевчо. Ете така, овие неславни ликови народот ќе ги порази исто така  на купче на 19 октомври“, истакна Мицкоски.

Мицкоски на крај додаде дека времето кога бугарски премиер финансираше македонски политичари, а тие му испорачуваа компромиси на грбот на народот за национални прашања заврши.

,,Завршува нивното време. Завршува времето кога источниот наш сосед и неговиот  премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот  народ, а завршува времето на предавства, почнува времето на достоинствена политика, на факти, аргументи, исправен ‘рбет и резултати. Само така Македонија и сите заедно ќе победиме “, вели Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ