Мицкоски троши 1,8 милиони евра за спотови и еко-кожа, но нема пари за семејствата од Кочани

63

Додека семејства во Кочани молат за помош и чекаат државата да реагира, додека Мицкоски ги одби сите амандмани да им се помогне и додека пожарникарите со мизерни плати и со застарена опрема се борат со огнените стихии, Владата на Христијан Мицкоски реши да троши речиси 1,8 милиони евра од парите на народот за сепепромоција, брошури, логоа, столови со „еко-кожа“, тотеми и кетеринзи.

Над 110 милиони денари ќе завршат во приватна фирма за „визуелен идентитет“, промотери во Белград, медиумски кампањи, билборди, реклами, социјални мрежи и скапи брошури.

И додека граѓаните едвај ги врзуваат крај со крај, додека нема нови пожарникарски возила, нема пари за поддршка на семејствата погодени од катастрофи, за самопромоција на премиерот и неговите министри, пари секогаш има.

Ова не е ништо друго освен навреда за секој граѓанин. Владата покажува вистинско лице, арогантно, одлепено од реалноста, уверено дека буџетот им е приватна каса за личен луксуз и партиска пропаганда.

Особено алармантно е што тендерот вклучува и медиумски кампањи, билборди, видеа и реклами, што отвора сомнежи дека со овие пари всушност Владата планира да ја плати својата изборна кампања и пропаганда пред и за време на изборите.

Ги прашуваме јавно:

Кој ќе одговара за ова расфрлање со народните пари?

Дали сметате дека ова е приоритет за една држава во која секојдневно се гаснат пожари со раце, а граѓаните живеат во несигурност?

Колку луѓе треба да останат без домови за вие да сфатите што значи одговорност?

Ова не е влада на народот, ова е влада на луксузот, на бесрамноста, на личните интереси.

Ги повикуваме граѓаните да погледнат каде одат нивните пари. Да видат како додека тие се борат да преживеат, Владата на Мицкоски троши за свои промоции, за „еко-кожи“ и кетеринзи по Белград.

Оваа ароганција мора да престане. Оваа скапа срамота ќе ја разоткриваме до крај и ќе бараме одговорност за секој денар потрошен на оваа бесмислена авантура.

ИЗДВОЕНИ