Завршена е и затворена темата за Бадентеровото мнозинство, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. За време на престојот во скопската населба Драчево тој одговори на новинарско прашање за негов коментар за изјавата на министерот за правда Игор Филков во која е најавена можност за ревидирање на принципот на Бадентеровото мнозинство.
-Тоа правило е дел од Рамковниот договор. Рамковниот договор е дел од Уставот. Рамковниот договор е целосно исполнет и завршен. Таа тема е завршена и затворена – рече Мицкоски.
Тој додаде дека сериозен, суштински и институционелен проблем е Балансерот.
-Знаете, ние понудивме закон за правична застапеност кој покрај етничката ќе има и компонента со која ќе се оценува квалитето и компетнеции. Тој закон во моментот е во Венецијанска комисија и се чека мислење. Кога ќе го добиеме тоа мислење ќе го доставиме законот до парламентот – најави премиерот. (Б.Ѓ.)