петок, јануари 30, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Мицкоски: Со новиот систем ќе има нивелирање на платите во државната администрација...

Мицкоски: Со новиот систем ќе има нивелирање на платите во државната администрација до 2028 година

17

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ги образложи деталите околу новиот систем за нивелирање на платите во државната администрација, потенцирајќи дека со него се обезбедува раст на платите до 2028 година, без да се создадат обврски за идната влада. Тој истакна дека Владата е одговорна и подготвена да ги регулира односите со вработените преку нови гранкови договори, додека Синдикатот на службениците (ССМ) сè уште не го прифатил предложениот модел.

– Ние не сме како претходната влада, да преземаме обврски што ќе бидат на некоја следна влада. Можеби ние ќе продолжиме да бидеме, можеби некој друг ќе биде, но не сакаме по 2028 година да преземаме обврски, бидејќи сме одговорна Влада и велиме вака. Ако е 30.000 денари просечната плата, сега во април, за мартовската плата, ќе имаме нивелирање за минималната плата, која ќе се зголеми. Да претпоставиме дека ќе се зголеми таа за 1.500 денари. Тогаш овие 30.000 денари, плус 1.500 денари, зголемени за 8 %, ќе дадат збир X. Следната година, април 2027, тие X-плати повторно ќе се зголемат за минималната плата, да претпоставиме дека ќе биде повторно за 1.500 денари. Тогаш ќе добиеме X, плус тие 1.500 денари, зголемени за нови 8 %, и ќе добиеме Y-плати. Третата година, април 2028, овие Y-плати повторно ќе се зголемат за минималната плата од 1.500 денари и сето тоа ќе се зголеми повторно за 8 % и ќе добиеме Z-плати. Овие Z-плати ќе бидат за минимум 40 % повеќе од 30.000 – рече Мицкоски.

Според него, ССМ не го прифатил условот во делот од колективниот договор за платите да се избрише и во овој период од три години да се преговара за него.

– Имаме доволен период од три години да постигнеме договор. А во меѓувреме, имаме колективен договор, имаме 95 % од вработените, кои се дел од одговорностите на Владата како работодавец, и со тоа Владата со своите вработени си ги регулирала односите до 2028 година. И со тоа ние сме завршиле. Остануваат сега уште овие 7.787 вработени, ако не се лажам, од вкупната државна администрација. Еве ова не сакаше да го потпише ССМ.

 

ИЗДВОЕНИ