сабота, јануари 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски со нов рок: Имињата на новите министри в понеделник, Вреди нема...

Мицкоски со нов рок: Имињата на новите министри в понеделник, Вреди нема да има министер плус  

586

Откако вчера најави дека денеска до Собранието ќе бидат доставени имињата на новите министри од редовите на коалицијата Вреди премиерот Мицкоски денеска најави дека тоа ќе се случи в понеделник.

-Оваа недела ќе се знаат имињата на министрите од Вреди. Но, она што е сигурно е дека коалицијата Вреди ќе ги задржи досегашните ресори. Тука нема да има дополнителни поромени, нема да има дополнителни сектори. Тоа е договорено во редовите на нашата коалиција. Очекувам имињата дека ќе ги доставам веќе во понеделник, откако ќе бидат искристализирани. Тоа се оние имиња кои што горе- долу циркулираат во јавноста – изјави Мицкоски кој денеска во Клубот на пратениците во Скопје присуствуваше на Саемот на граѓански организации, под слоганот “Соработка помеѓу Владата и граѓанското општество”.

На прашањето дали во редовите на коалицијата Вреди има несогасувања околу конкретните имиња Мицкоски одговори дека „нема таков впечаток“’. Во однос на бројот на министрите кои во иднина треба да ги има коалицијата Вреди премиерот одговори дека ќе имаат ист број на ресори но и на министри.

-Коалицијата Вреди нема да има плус еден човек туку новата личност која ќе дојде на местото на Изет Меџити ќе биде вицепремиер и министер за нешто – објасни Мицкоски. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ