Мицкоски вели оти тој лично не сака да ја плати таа цена оти мисли дека е преголема, без притоа да има испорака и од македонска и од бугарска страна. Вели, тој е политичар со легитимитет кој го добил од граѓаните на Македонија и оти оваа држава и народ досега дале премногу како никој друг досега.
„Сите сме за Европската унија и сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена. на граѓаните им е преку глава од таков тип политика „сега или никогаш“. Се менува нашиот идентитет, од знамето до името, тоа е дел од основните темелни вредности на еден идентитет, атрибути коишто го дефинираат еден идентитет. Една по една, се менуваат“,рече Мицкоски.
Во однос на изјавите на бугарскиот претседател Румен Радев дека единствениот услов за Македонија се уставните измени, македонскиот премиер вели оти не е точна, бидејќи во „Договорот за добососедство“ нема никаков услов, а сега де факто постои и оти согласно тој договор, Бугарија треба да ја поддржува земјава во рамките на преговори со унијата, но наместо тоа, Македонија доби вето, бидејќи „не го почитувала договорот“ и „не испорачала малцински права“.
Вели дека суштината не е во вметнувањето на неколку стотици граѓани во Уставот и оти при неговите посети на Брисел се обидувал да ја претстави сржта на проблемот кој трае со децении.
„Секогаш сум им велел да направивме елементарен чекор – да се обидеме во Европарламентот со мнозинство гласови да донесе одлука или резолуција, или ќе биде дел од извештај, со кој јасно ќе се признае како посебен македонски јазик и идентитет. Она што можеше Европа да види дека не е само промена на Уставот единствено нешто да направиме за да може да продолжиме, впрочем многу влијателни фигури во Бугарија тоа го кажуваат“,kажа премиерот.
Ставот на опозицијата дека со внесување на Бугарите во Уставот ќе се зацврсти идентитетот за премиерот е „глупава теорија“ и рече дека претходната Влада направила избрзани чекори и водела национално исплакната политика.
„Денешните изјави на Венко Филипче и акробациите на Зоран Заев во тоа време не се случајност. Тоа е заедничка матрица која никогаш стратешки и на долг рок не ги гледа проблемите што ги остава зад себе со начинот на однесување, а тоа е националната исплакнатост, политички елементарно и површинско гледање на работите, без суштина и без стратегија. Затоа ние сега сме доведени во ситуација да зборуваме за нешто што претставува темелна вредност на еден народ, а тоа е неговиот идентитет и неговиот мајчин јазик“,посочи премиерот.
Нивната политика резултираше со „модерен“ … Не велам дека ова е исправно или неисправно. Оваа политика добила поддршка од половина милион граѓани во оваа држава, трипати повеќе од политиката што ја води опозицијата. Се додека оваа политика добива поддршка – ова е патот. Кога нема да добијам поддршка, кога ќе бидам поразен на избори ќе дојде оваа другата политика, национално исплакната, со виткање кичми, со ограбување на своите граѓани и тогаш таа политика ќе води напред, истакна Мицкоски.