Мицкоски: Сигурен сум и убеден дека Орце Ѓорѓиевски ќе биде идниот градоначалник на Скопје

68
Фото:принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување на ТВ Сител изрази цврста уверност дека Орце Ѓорѓиевски ќе биде следниот градоначалник на Град Скопје.

„Сигурен сум и убеден дека Ѓорѓиевски ќе биде идниот градоначалник на Скопје,“ изјави Мицкоски, потенцирајќи дека го познава повеќе од една деценија и дека доволно време имал да го запознае неговиот карактер, амбиција и работна етика.

– Го познавам Ѓорѓиевски декада и половина имајќи ја предвид нашата  разлика во возраста мислам дека е сосема доволен период да го научам Ѓорѓиевски и неговиот карактер, амбиција, желба, начионот на функционирање и работа итн, што е комплетно различно од оној случај во 2021 година кога се обидувавме со некое решение надвор од партиската структура. Имаме сега комплетен антипод  на тоа, наведе Мицкоски.

Во однос на коалицискиот партнер ЗНАМ, Мицкоски посочи дека преговорите сè уште траат, но оти „конвергираат кон позитивно решение“ и дека исходот ќе биде познат наскоро.

За „Вреди“, премиерот нагласи дека по развластувањето на ДУИ очекува катарза кај албанското гласачко тело, со што, како што рече, ќе се препознае политиката на „Вреди“ како поинаква и посоодветна од досегашната на ДУИ.

ИЗДВОЕНИ