Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прогласи победа во поголемиот дел општини по вториот круг локални избори.
Вечерва сакам да прогласам голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ако некој се сомневаше, народот покажа дека Македонија е повторно твоја, изјави вечерва на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, порачувајќи дека сега е време за обединување, одговорност и работа.
Ова е заедничка победа, ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина. Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски. Победата на нивниот кандидат во Кичево, рече, е доказ дека Македонија е дом за сите и оти победува соживотот и вербата во вредности. Ова, нагласи, е голем и важен пример колку може да постигнеме кога сме обединети.

Победивме во Скопје, убедлива победа на Орце. Победивме во Карпош. Победа и во Аеродром и Чучер Сандево. Беше жилава борба, тешка борба со многу предизвици, се одлучуваше во 5 до 12. Знаете дека не заслужува ниту името да му го споменам се обиде да профитира на името на националните и етничките поделби. Не успеа, поразен е. Брвеница останува наш градоначалник. Победивме и во Валандово, Дојран и Крушево, кои досега имаа градочалници на СДСМ. Победивме и во Кочани, нашето Кочани, кое мораме да го издигнеме и поткрепиме. Имаме победа и во Лозово, Могила, Македонски Брод, Росоман, Ранковце, Неготино, Чешиново Облешево, Конче, Демир Капија, Пробиштип. Во неколку други се пребројуваат гласовите. Но, морам да признаа една посебно силна порака која доаѓа оваа вечер. А, таа е од нашето Кичево. Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против недомаќинското работење, но покажавме што можеме кога сме обединети. Таму соработувавме различни вери и припадности, против оние кои го влечеа градот надоле. Ова ја отвора вратата дека можеме да се обединиме, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите околу вредностите и во онаа политика која им е потребна на граѓаните. Ова е голем и важен пример колку можеме да постигнеме кога сме обединети. Победи идејата дека Македонија е дом за сите. Драги Кичевчани јас сум со вас, и Кичево мора да биде и во владиниот фокус. Падна митот дека Кичево е нивно или наше, мала или голема општина. Победија Кичевчани. Таа победа е симболична, таа зборува за Македонија што созрева, и народ кој не се плаши да се обедини“, изјави Мицкоски.
Мицкоски посебно ја истакна победата и во Карпош.

„Драги пријатели. Помина времето на локални шерифи кои градеа кариера преку манипулации, само политички да преживеат. Тоа време завршува и во скопски Карпош“, изјави Мицкоски.
„Секој глас е обврска и сериозно му пристапувам“, рече Мицкоски.












