вторник, февруари 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски се сретна со Орбан, разговарале за зајакнување на економската соработка, инвестициите,...

Мицкоски се сретна со Орбан, разговарале за зајакнување на економската соработка, инвестициите, енергетиката

55

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Сo интонирање на националните химни и со највисоки државни и воени почести премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација што ја предводи беа пречекани денеска во Будимпешта на платото во кралскиот дворец од страна на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Двајцата премиери одржаа тет-а-тет средба, а во тек е заедничката пленарна седница на двете влади, по што Мицкоски и Орбан ќе одржат заедничка прес-конференција, јави специјалниот известувач на МИА од Будимпешта.

– Разговаравме за клучни прашања од заемен интерес, зајакнување на економската соработка, инвестициите, енергетиката, инфраструктурата и европската перспектива на Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.

ИЗДВОЕНИ