Мицкоски по повод една година Влада: Наследивме руиниран систем, но успеавме да ги поставиме темелите на промените/ФОТО/ВО ЖИВО

109

Во оваа тешка година имаме резултати зад нас кои се јасен показател дека стигнавме на солидна основа. Реализиравме или отпочнавме над 250 поголеми проекти, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот по повод една година од Владата, под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“.

Фото:П.Стојановски

 

„Секој почеток е тежок. Секој нов почеток е уште потежок, затоа што наследуваш веќе стекната состојба и како што народот вели, не почнуваш од нула, туку од минус. И повторно градиш темели, одново поставуваш столбови и ги засилуваш носечките кои дотогаш биле дотраени, кршени, рушени. Тие нови темели стануваат фундамент на новата иднина која заеднички ја градиме, тие нови темели се секојдневната борба за тебе и твојата иднина. Тие темели треба да го донесат времето на Македонија, времето кое допрва доаѓа. Најдоброто кое допрва ќе се случи. Она што сите го очекуваме, сакаме, заслужуваме и за кое секој ден, се трудиме и чекор по чекор се бориме. Земја на просперитет, ред, развој, почит, човечност, вредности. Земја со која ќе се гордееме, земја која ќе биде на вистинскиот пат, повторно твоја и ќе работи за тебе“, рече Мицкоски на почетокот на обраќањето.

Во оваа тешка година, посочи дека Владата има резултати што се јасен показател дека стигнала на солидна на солидна основа, со реализација и отпочнување на над 250 поголеми проекти.
„И она што денес сакам да го соопштам е дека за повеќе од трипати ќе се зголеми бројот на проекти за следната година. Веќе вклучуваме во петтта, па шеста брзина. И очекувам максималната посветеност во исполнување на програмата, очекувам преку 400 проекти мерки чекори реформи во наредниот период кои ќе бидат насочени на развој и раст, подобар стандард, поквалитетно образование, борба против корупција, инвестиции и реформи во здравството, големи проекти во инфраструктурата, реформи во даночната политика и справувањето со инфлациски и предизвици на животниот стандард, проекти за млади, проекти за земјоделци, проекти за работници, проекти за купување на нов дом, возила, проекти кое ќе го донесат времето за кое сите се надеваме и длабоки промени кои ги заслужуваме“, кажа тој.

ИЗДВОЕНИ