Мицкоски од општина Ѓорче Петров: Вистинските промени доаѓаат со вистински луѓе

31

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва се обрати пред присутните граѓани на масовниот народен собир во Ѓорче Петров.

Од таму порача дека овие избори се одлука дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад.

-Изборот е лесен, препознатлив, но и во такви моменти одлуката е многу важна да се донесе и да се излезе да се гласа. Во оваа битка сме заедно, рамо до рамо и го споделувам и го живеам секој ваш проблем и секоја ваша мака. Не ветивме чуда преку ноќ, но ветивме работа и силна волја да успееме. Затоа денес можам гордо да ве погледнам во очи и да ви кажам дека ќе успееме, рече Мицкоски.

-Затоа сме тука да градиме иднина, а иднината ќе ја градиме затоа што има надеж. Со пенкалото во рака, на 19-ти октомври, вие одлучувате. И токму таму се крие смислата на изборот. Во местата каде живееш, во маалото каде растеш, љубиш, воспитуваш деца, плачеш, се надеваш, чекаш и се бориш. Твоето маало е повеќе од место, тоа е твојата љубов и твојата борба. Твојот дом. Таму се твоите подеми и падови. Таму учиш што значи да се биде човек, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека вистинските промени доаѓаат со вистински луѓе, со вистински избори.

-Со луѓе кои знаат дека не можат се, но се подготвени да се борат и да истраат во таа борба. Со еден збор, продолжуваш напред, со друг избор се враќаш назад.

ИЗДВОЕНИ