вторник, јануари 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пат ќе порасне...

Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пат ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

39

Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, учествува на 56. годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. На форумот во швајцарскиот зимски центар, кој годинава се одржува со мотото „Во духот на дијалог“, ќе има 3.000 учесници, вклучувајќи 65 шефови на држави и влади и повеќе од 850 извршни директори на водечки светски компании.

– Следниве денови ќе имаме многубројни состаноци, кои очекуваме значително да влијаат на подобрување на економската состојба и привлекување голем број инвестиции. Учесник ќе бидам на три панели на кои ќе ги презентирам можностите за инвестирање во Македонија, истовремено ќе оствариме и многубројни билатерални средби со многу компании од светот. Очекувам плодни резултати, успешни состаноци и успешна посета во Давос – објави премиерот Мицкоски на својот фејсбук-профил.

ИЗДВОЕНИ