Мицкоски: Очекувам Законот за прекршоци да помине на следната собраниска седница, нема датум за средба со Али Ахмети

128

Очекувам измените во Законот за прекршоци да се изгалсаат веќе на следна собраниска седница за да системот „Сејф сити“ стартува на 1. февруари, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

За време на посетатат на Кратово тој одговори на новинарското прашање врзано за одреден застој во усвојувањето на предложените измени предизвикани од ставот на ДУИ по неодамнешниот договор на лидерската средба.

-На лидерската средба беше безусловно договорено дека ќе се поддржат измените во Законот за прекршоци. Спомна дека постоеле некои амандамни кои што потоа во разговорот со министерот за внатрешни работи  се констатираше дека не постоеле такви амандмани. Но, и покрај тоа се договоривме, во текот на вчерашниот ден, на ниво на коордиантори да има состанок и сите тие нејаснотии да бидат објаснети. Таков состоанок колку што сум информиран се случил. Министерот за внатрешни работи, бидејќи е отсутен,  беше вклучен преку телефонски повик. Беа разјаснети сите нејаснотии и очекувам Законот за прекршоци веќе на следна собраниска седница да помине. Тој поминува со двотретинско мнозинство и ќе стартува од 1 февруари. Очекуваме на почеток да има нивелериање на проектот, а ние сме задоволни од досегашниот пробен период – нагласи премиерот.

Во однос на најавената средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети тој рече дека датумот се уште не е определен.

-Јас во мојата редовно полиитчко функционирање се среќавам со лидери на политички паертии така што во рамките на тие средби претпоставувам ќе се сретнеме и со господинот Ахмети. Немаме определен датум за средбата – рече Мицкоски. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ