Очекувам во првиот квартал од оваа година да бидеме меѓу првите пет економии во Европа, изјави премиерот Христијан Мицкоски во однос на очекувањата за растот на БДП споредено со другите земји од Европа.
– Па јас го кажувам тоа изминатиов период и очекувам, конечно, и првиот квартал од оваа година да покаже едно консолидирање, да бидеме во првите пет-шест, би рекол, економии во Европа. Во првиот квартал, според процентот од бруто домашниот производ на раст, да речеме би се задржал на оној број што отпорано го имам кажано, помеѓу 3-4 %, но да видиме деновиве, претпоставувам ќе биде објавен и тој број – изјави Мицкоски на одбележувањето 80 години од постоењето на Заводот за статистика.