Убава вест за македонските извозници во САД очекува премиерот Христијан Мицкоски да пристигне деновиве од Вашингтон, откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на САД, Доналд Трамп постигнаа договор за решавање на трговскиот спор околу зголемувањето на царините.

– Заедничката изјава на Европската Унија и САД ние ја поздравуваме, бидејќи голем дел од нашите производни капацитети преку компаниите од ЕУ извезуваат во САД. Доколку ЕУ е задоволна од договорот, тогаш и ние сме задоволни – рече Мицкоски и изрази очекување дека во рамки на оваа недела целиот процес на преговори со САД за царините да биде завршен.

Тој потсети дека досега се одржани три рунди преговори.

– Веќе имаше три рунди на преговори, последните беа во петокот, ги водат претставници од многу институции со претставници на многу институции во рамки на администрацијата на претседателот Трамп. Можам да кажам дека сме најнапред од европските земји и очекувам убави вести за македонските извозници во САД, но да почекаме официјално од Вашингтон да дојде веста – потенцира Мицкоски.

Премиерот пред две недели кажа дека Македонија веќе е во процес на преговори за царините од 30 проценти кои американскиот претседател Доналд Трамп ги најави од 1 август.

 

ИЗДВОЕНИ