Мицкоски: Незрело и неодговорно однесување на опозицијата

277

Како „незрело и неодговорно однесување“ го оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски ставот на опозициската СДСМ која ја одби најавената покана за лидерска средба на која би се зборувало и за укинувањето на „пржинската влада“.

-Мислев дека со овој повик ќе покажеме зрелост и широчина и дека како политички чинители ќе можеме да се обединиме. Темата на лидерската средба не беше само за техничката влада. Ако така незрело и неодговорно се однесуваме како опозиција, нам лидерската средба не ни е ниту потребна и можевме со 61 глас во парламентот да го изгласаме уникувањето. Но, ние сакавме целиот процес да биде инклузивен – рече Мицкоски во одговорот на новинарско прашање за време на престојот во Гевгелија.

Тој додаде дека на средбата сакале да се зборува и за реформската агенда, за законите од областа на правосудството и други области преку еден инклузивен процес.

-Но, ете, за жал, имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција која се служи со вакви квалификации. Однесувањето на Филипче, очигледно, е составен дел од неговиот менаџењрски договор што го има потпишано со СДСМ. Но, тоа е негов избор. Ние денес или утре ќе ги испратиме покани за средба која ја планиравме да биде на 14 јануари  во Клубот на пратениците. Тие беа тие кои ја бараа лидерската средба, а сега ја одбиваат. Збунувачке е и неодговорно е ваквото однесување на опозицијата. Ние како Влада ќе работиме и ќе сториме се да ги придвижиме процесите – нагласи премиерот Мицкоски. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ