сабота, јануари 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти

29

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју во „Тема на денот“ на ТВ Сител категорично демантираше тврдењата на британските медиуми за мигрантски кампови во Северна Македонија.

„Не, нема вистина. Не можам да го разберам неодговорното однесување на опозицијата, која со своите изјави шири паника и страв кај граѓаните“, изјави Мицкоски.

Тој потенцираше дека Владите на СДС во минатото биле промигрантски и дека во 2017 година на владина седница е усвоена Националната стратегија за интеграција на странски државјани, преку која се барале соодветни локации за потенцијални кампови.

„Практично, политиката што ја воделе претходните влади била промигрантска, со акцент на интеграција. Јас го разбирам обидот на опозицијата да ја користи оваа тема за внатрешна мобилизација, но нивното неодговорно сеење страв и паника меѓу граѓаните не можам да го разберам“, додаде Мицкоски.

Премиерот истакна дека нема никаков договор за прифаќање на мигранти и дека нема да постои додека тој е претседател на Владата.

„Сакам да испратам порака до граѓаните дека таков тип на прифаќање, легални или илегални, не постои и нема да постои“, рече Мицкоски.

Во однос на поднесената Резолуција во парламентот од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот нагласи дека сето ова што го кажал е содржано во Резолуцијата и ги повика пратениците од СДС да ја поддржат.

„Денеска во парламентот доставивме Резолуција со која јасно ја содржиме пораката за неодговорното однесување на опозицијата. Нека ја поддржат“, порача Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ