среда, јануари 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски на средба со сопственикот – „Фор-ај-џи (4iG)“ ќе инвестира 100 милиони...

Мицкоски на средба со сопственикот – „Фор-ај-џи (4iG)“ ќе инвестира 100 милиони евра за развој во Македонија

55

Компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија, во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој на операторот, сопственикот на „Фор-ај-џи“ го информирал македонскиот премиер на средбата на Форумот во Давос.

Разговаравме за неговите планови, откако нормално ги упати средствата што се потреби за добивање на лиценцата. Она што ме информираше тој е фактот дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор. Што добиваат граѓаните? Граѓаните добиваат нова компанија која ќе нуди мобилни услуги и компанија која, сигурен сум, ќе влијае позитивно во намалување на цените на услугите што мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија, истакна премиерот Мицкоски.

На агендата на Мицкоски за денеска е и панел на кој светските лидери и претставници на мултинационални компании разговараат за предизвиците на човештвото во годините што следуваат, како вештачката интелигенција, како еден од најголемите предизвици.

Се разбира дека ние како држава не смееме да останеме надвор од овие процеси, бидејќи тоа се процесите што ќе го опишат човештвото во годините што следуваат. Тоа се процесите што ќе имаат водечка улога во следните 10, 15, 20, 25 години. Македонија нема да седи настрана, туку Македонија ќе биде активен учесник во сите овие процеси, рече Мицкоски и најави бројни билатерални средби.

ИЗДВОЕНИ