Мицкоски на 18. партиски конгрес: Стратегијата Македонија 2030 е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава

27

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето обраќање на 18. партиски конгрес го претсви документот кој претствува новото поглавје – Стратегија  Македонија 2030, пропратено со нова парадигма, и Идиолошки кодекс на партијата и договор со граѓаните. Визија која, рече,  треба да ја гради државата за генерацијата која доаѓа.

-Последниот конгрес дојде веднаш по победата на локалните избори во 2021та година кои беа всушност вовед и пресврт во политичкото делување на оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој 4-годишен период победивме убедливо и на претседателските избори, и на парламентрните избори со што и ја добивме одговорноста да управуваме со Владата. Овој конгрес се случува по убедливата и би рекол историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на последните локални избори. Овие победи покажаа дека Македонија заслужува иднина и напредок и дека ја оправдуваме довербата од граѓаните. Сите овие победи му припаѓаат на секој еден член, на секој еден човек кој дал влог за нашата партија. Но овие победи за мене се и одговорност, не само да се води државата, но и точно да се трасира патот каде треба да се движи во периодот што доаѓа – рече Мицкоски.

Тој посочи дека би бил неодговорен пред себе и пред делегатите, доколку се остави на стихијата и на радоста на победите, затоа што во исто време додека овде, вели, одбележуваме уште еден конгрес, неприкинато се потсетувам и мислам на тоа колку уште многу работи мораме да направиме и дека народот сеуште живее тешко и мачно и дека ние сме тие кои мораме да ги исправиме неправдите но и да донесеме надеж и иднина за генерациите што доаѓаат.

-Визијата за Македонија 2030 е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава, со економија што расте на знаење и труд, со институции што опстојуваат над политичките циклуси, со самосвесен национален идентитет, со зелен и технолошки развој, и со општество што верува во заедничката иднина. Оваа визија не е декларација. Таа е рамка за политичко дејствување. Таа бара политика што е сериозна, континуирана и спремна да ја стави државата пред дневната добивка. Токму во тоа се мери зрелоста на една политичка сила, а во следните години тука ќе се мери и зрелоста на државата – рече Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ