Мицкоски: Меѓу 20 и 30 проценти повисока капитација за лекарите

70

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека се работи на овозможување покачување на капитацијата за матичните лекари, што би се движела помеѓу 20 и 30 проценти.

– Да, ги слушам и јас тие реакции од страна на матичните лекари. Работиме на пријатно изненадување за нив. Очекувам дека веќе во следната недела ќе има добра вест за матичните лекари. Работиме на овозможување покачување на капитацијата за матичните лекари, што би се движела помеѓу 20 и 30 проценти. Оставете да ги направиме конечните пресметки, ќе излеземе многу скоро со информација што мислам дека ќе биде позитивна вест за матичните лекари – одговори премиерот на новинарско прашање.

 

ИЗДВОЕНИ