Мицкоски: Карбинци мора да добие населба за млади брачни парови, едно евро квадрат

15

Јас сум сигурен дека измитативе четири години Виктор покажа како се работи чесно, тоа е многу важно, како се работи посветено, како се работи за жителите на Општина Карбинци и покажа уште пред време дека недвосмислено го заслужува својот втор мандат, порача од минитгот во Општина Карбинци претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Виктор спонема дека му е важно да останеме сите во државата, затоа е важно да се посвети време на демографијата, бидејќи за бадијала ни се и улиците, патчињата, градинките доколку немаме дечиња во нив. Доколку младите од Општина Карбинци не се мажат, не се женат, не формираат семејство, затоа тоа е многу важно да работиме уште од најмали години да формираме семејство, да формираме многу детни семејства и за тоа да се случи потребно е мислам да се определи една населба во којашто ќе се определат парцели за млади брачни парови коишто ќе бидат по едно евро квадрат и ќе бидат ослободени од комуналии, истакна Мицкоски.

Тој потенцираше дека на тој начин статистички е докажано дека семејството ќе има повеќе дечиња.

ИЗДВОЕНИ