Мицкоски ја пречека Фон дер Лајен пред Владата/ФОТО

67
Фото: П. Стојановски

Премиерот Христијан Мицкоски пред Владата ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Фон дер Лајен во рамки на нејзината балканска турнеја, со премиерот Мицкоски ќе разговараат за повеќе прашања. Мицкоски најави дека од посетата очекува реафирмација на европската перспектива на земјата и конкретна испорака од ЕУ. Тој потврди дека Владата, преку Министерството за дигитална трансформација, соработува со ЕК на проект за отворање центар за вештачка интелигенција во Македонија, вреден околу пет милиони евра.

Фон дер Лајен претходно ги посети земјите од Западен Балкан, а во Скопје ќе има средби и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

ИЗДВОЕНИ