Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски во две различни интервјуа попладнево потврдија дека денеска ќе биде поднесена кривична пријава против 10 лица кои биле поврзани со 5-те тони марихуана која беше запленета во Србија.
„Во текот на денешниот ден ќе се отпочне со поднесување на кривична пријава до ОЈО за гонење организиан криминал и корупција, која опфаќа 10 лица, од кои двајца се веќе во пртивор, каде што овие 10 лица се директно или индиректно поврзани со произведена дрога. Денеска ќе биде поднесена кривична пријава, при што имаме основани сомненија дека тие лица се поврзани со транспортот на дрогата која беше запленета во Србија“, изјави Тошковски, на Тв 21
Во интервју за Канал 5 премиерот рече дека постојат индиции дека сепак марихуаната потекнува од Македонија и ова е само почеток на една опсежна акција за шверц на марихуана во рамките на меѓународна истрага.
-Денеска веќе има кривична пријава против 10 лица поврзани со марихуаната во Србија. Како излегла?
– Таму е еден стоп, една проверка на каргото на товарот, влезот во Србија го контролираат српски полицајци, од наша страна македонски. Од другата страна на границата има начин како да се провери и најверојатно со таков тип на документ, објасни Мицкоски. На прашањето дали би можело сето тоа да се изведе без инволвираност на некој од институциите како царинарници или полицајци на границата, тој рече : апсолутно да и најави јавноста да биде трпелива додека трае истрагата.
Од Обвинителството засега не потврдуваат приведување на нови лица во истрагата за канабисот , од последните двајца за кои има краткотраен притвор. (П.А.)












