Мицкоски: Груби кукавички избега, имаме индиции дека се наоѓа во регионот

870

„Потерницата е испратена, и сега треба државите кои што се наши партнери да дадат одговор каде е Артан Груби. Јас не знам дали Никола Груевски избегал со дипломатско возило или не, немам таков увид во истрагата. Но, да кога станува збор за Артан Груби самиот тој или лицето кое што го придружувало или превезувало, тоа е почесен конзул на една држава со возило со дипломатски таблици ја напуштило Македонија, и потоа тоа лице беше повикано на информативен разговор.“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија АЛСАТ М.

Мицкоски нагласи дека Груби кукавички избега, но како држава правиме се што е во наша моќ лицата бегалци од правдата да се обезбедат и да се вратат дома.

„Јас би кажал дека не е само Артан Груби избеган, има и некои други кои се бегалци од правдата и тоа е за мене многу лош начин, би рекол кукавички начин да се постапува. Но тоа е што е, сега ние како држава ќе се обидеме се што е во наша моќ овие бегалци од правдата да ги обезбедиме и да ги донесеме дома.“, дециден е Мицкоски.

На прашањето дали има некоја информација од земја каде би можело да се наоѓаат овие лица, премиерот Мицкоски рече дека има индиции за сите, додавајќи дека некои лица се во регионот а некои подалеку.

ИЗДВОЕНИ