Мицкоски: Големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата на крајот на годинава или на почетокот на наредната

39

Големи промени кон крајот на оваа или на почетокот на следната година во Владата и во владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во обраќањето на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје тој рече дека тоа ќе се случи по редовниот конгрес на партијата.

-Примерот за промени мора да го дадеме ние. Најавувам дека веднаш по редовниот конгрес на крајот на годинава, најдоцна на почеток на наредната ќе има големи промени во партијата и во Владата. Кој ќе се покаже со својата работа ќе остане, но тие што нема да ги исполнат очекувањата на граѓаните ќе ги поздравам и ќе им се заблагодарам. Го кажувам уште сега за да се знае и да испратам порака дека единственото нешто што вреди, единственото најголемо нешто што човек може да го остави зад себе е образот и честа. И ќе дадам сè тоа да остане најчистиот дел од нашата работа. Тоа сите заедно му го должиме на народот – нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека се немаме време за губење.

-Немаме простор да создаваме нови разочарувања кај луѓето кои веќе со децении наназад се изгорени од разни неискрени и корумпирани политичари. Ќе се санкционира секоја забеганост и ќе се разрешуваат сите оние кои ќе нè посрамотат како структура и како луѓе. Примерот за промени мора да го дадеме ние, и од секој од нас зависи како и со каков интензитет ќе се случуваат промените – потенцира премиерот.

ИЗДВОЕНИ