Мицкоски: Ерес беше да се спомене македонски идентитет во време на претходната власт

85

Тоа што не им успеа на Тодор Живков и на плејада други бугарски политичари со Македонија, успеа во време на СДСМ – ерес беше да се спомене македонски идентитет во време на претходната власт, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Премиерот даде свој коментар за актуелните позиции во меѓународните односи, особено во делот на негаторските позиции кои соседна Бугарија ги искажа при гласањето на извештајот за државата во Европскиот парламент. Одговарајќи на пратеничкото прашање поставено од страна на пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, зошто повторно се отвора веќе затвореното прашање за македонскиот јазик и македонскиот идентитет, Мицкоски потсети дека негаторските позиции за македонскиот идентитет и јазик не се новина во некои кругови во Бугарија и тие постојат уште од создавањето на бугарската држава до денес.

– Нема да ве вратам во времето на Батенберг, во времето на Егзархот Јосиф, како се обидувале да го асимилираат овој дел. Дошле и до вашето Крушево. Но не успеале. Потрошиле два буџета, но не успеале. Но тоа што го правеле, а потоа го продолжил Тодор Живков, вие го прифативте. Вие ли сега најдовте да ми кажувате? Тоа што не им успеало на Батенберг, преку Јосиф, преку оваа асимилаторска на Сталин, на комунистичкото раководство на Социјалистичка Бугарија, преку Тодор Живков, вие се прифативте. И да, тешко е, преку ноќ не можеме за една година да го смениме, но ќе работиме да го менуваме. Бидете трпеливи. Во ваше време беше ерес да се споменат македонски идентитет и македонски јазик во Извештај. Вие прифативте доброволно, потпишувајќи го, лажејќи тука во Парламентот, да ги асимилирате Македонците. Ние нема да го правиме тоа. Ние ќе го исправиме тоа. Бидете трпеливи, истакна премиерот Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ