Додека сум јас премиер и претседател на Владата нема да никне ниту еден шатор во кој што ќе бидат сместени илегални мигранти и нема да примиме ниту еден илегален мигрант, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Тој, по денешната седница на собраниската Комисија за човекови права во Собранието, одговори на новинарско прашање врзано за можноста во Македонија да се примаат мигранти од Велика Британија.
-Со индиганција ги отфрлам овие шпекулации дека планираме да правиме било какви кампови на илегални мигранти. Напротив, планираме да ја зајакнеме нашата борба против илегалната миграција заедно со нашите сојузници во НАТО – нагласи Мицкоски.
Тој се осврна на она што деновиве пишуваше во британските медиуми.
-Тие викаат: неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји. Да потенцирам и да кажам јасно и гласно за македонската јавност, таква тема не е разговарана. А ако се разговара, исто така, ќе биде одбиена од наша страна. Што е разговарано? Разговарано е дека заеднички ќе се бориме против илегалната миграција и ќе се бориме. Верувале или не, ние ја браниме Европа од Европа бидеќи илегланите мигранти навлегуваат од граница која што е на земја-членка на ЕУ. Ќе го развиеме проектот каков што е сега „сејф сити“ и ќе биде „сејф кантри“ и со кој нашите граници ќе бидат целосно мониторирани со камери за да се спречува илегална миграција и шверц – потенцира премиерот.
За него, ставовите на опозициската СДСМ се однапред изгубена битка.
-Антиимиграциската политика е тотален антипод на нивната политика и природно и припаѓа на ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме тие кои можеме да зајакнуваме антиимигрантска кампања. Но, ги разбирам, немаат теми, немаат концепт и се обидуваат да се мобилизираат и сега велат, ајде, ќе измислуваме теми и ќе растураме предуви, рече премиерот.












