МАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР ЗА БУГАРСКИОТ ИНЖЕНЕРИНГ ЗА СОЗДАВАЊЕ НА НОВА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА |
Бугарија сака преку политички инженеринг да создаде нова македонска нација и нов јазик, а поранешниот министер за надворешни работи Бујар Осамни со нож удрил во плуќата и заковал шајки во рацете и нозете на македонскиот идентитет, порача вчера македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Тој на прес-конференцијата во македонската Влада вака одговори на новинарско прашање врзано за негов коментар за последните пораки кои што стигнаа од Софија по одложувањето на гласањето за Извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент при што и потенцира дека Македонија нема друга опција освен да се бори до крај.
Мицкоски во одговорот изрази жалење што нашиот сојузник во НАТО Бугарија така се однесува.
-Но, тоа го оставам на останати членки-сојузници да сфатат. Изразувам жалење бидејќи да се користи како политичко оружје членството во НАТО, во ЕУ или интеграцијата на земјата во ЕУ, а да се решаваат билатералните прашања од пред неколку векови, претставува несмасна дипломатија. Но, така одлучила бугарската дипломатија и политичката сцена. Единствено нешто што нас ни беше важно во овие година дена е да светот разбере дека не е суштина да ние во Уставот додадеме Бугари. Односно, согласно на последниот Попис, нешто повеќе од 800 граѓани кои што се дел од бугарската заедница и велат дека бугарскиот јазик е нивен мајчин јазик – нагласи македонскиот премиер.
Тој потенцира дека тоа не е суштина.
-Суштината е во еден обид преку еден инженеринг да се создаде нова македонска нација која што е резултат на одлуката на Коминтерната после 1945 година да се создаде нова македонска нација и дека таа македонска нација користи нов македонски јазик кој што стана службен јазик во ООН, како дел од југословенска федерација. Секој оној кој што тоа не го гледа или е политички аналфабета или не треба да се занимава со политика. Тоа го занеше точно Бујар Османи и тој знаеше точно што прави. Директно стави нож во плуќата на македонскиот идентитет, закова шајка со прифаќањето на францускиот предлог. И тоа нема да го заборавам. Никогаш нема да го заборавам. Директно закова шајки во рацете и во нозете на македонскиот идентитет. Но, ние ќе се бориме, секаде ќе се бориме и ефектите од таа борба се гледаат – потенцира Мицкоски.
Според него, Македонија нема друга опција туку да се бори до крај.
-Толку можеме. Не знам дали ќе успееме . Но, добиваме симпатии, с еповеќе земји и високи политичари го одобруваат ова и наши аргументи добивата на гласност. Дали некои идни генерации повторно ќе се соочат со некои Ковачевски, Османи, Маричиќи и случни? Сигурно, но ќе внимаваат и нема да дозволат повторно да стават нова шајка во македонскиот идентитет. Ако беше само промената на Уставот и додавањето на неколку стотици наши граѓани коишто велат дека с едел од бугарскиот народ, тогаш зошто беа поднесени амандамани против македонскиот идентитет? Зошто не се почитуваат одлуките на Судот за човекови права во Стразбур, зошто не с епризнае ОМО „Илинден – Пирин“ и не му се дозволи на македонскиот народ во Бугарија да има свој претставник во Советот за млацинства заедно со Ромите, со Евреите… Кажав и ќе повторам. Ако на 24 јуни во Европскиот парламент не помине резолуција во која јасно ќе стои многувековен македонски идентитет и јазик тогаш проблемот е во промената на Уставот туку во многувековниот македонски идентитет – нагласи македонскиот премиер. (Б.Ѓ.)
Неизвесна средба на самитот на НАТО
Премиерот објасни дека се уште нема потврда за средба со бугарски претставници на маргините на претстојниот самит на НАТО.
-До овој момент нема потврда за средбата. Но, планирам деновиве лично да се слушнам со претседателот на Европскиот парламент господин Антонио Кошта. Тоа беше негова идеја која ние веднаш ја прифативме, без резерви. Веднаш рековме дека нема никаков проблем, но дали има одговор од другата страна – рече премиерот.