сабота, јануари 31, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Мицкоски: Буџетските плаќања завршуваат на 15 декември

Мицкоски: Буџетските плаќања завршуваат на 15 декември

115

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, потврди дека в понеделник, на 15 декември, ќе биде суспендирано работењето на трезорот за буџетски исплати.

Многу е битно сите институции навремено да ги испратат барањата до трезорот за да може тој навремено да ги изврши плаќањата. Ако се достават барањата на 25, 27, 28… тогаш повторно ќе биде обвинета Владата зошто не е реализирана исплатата навремено, порача Мицкоски.

Тој истакна дека, иако ќе постои одредена флексибилност, целта на оваа одлука е институциите да покажат одговорност и да се овозможи навремено сервисирање на обврските кон доверителите, што е во надлежност на Министерството за финансии, преку трезорот.

ИЗДВОЕНИ