Амандманите беа здружен предлог на четири групи во Европскиот парламент, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарска констатација дека тие биле предложени од Европската народна партија.
– Амандманите беа здружен предлог на четири групи во Европскиот парламент. Тоа беше Европската народна партија, Социјалдемократите, Либералите на Рињу и Зелените, кои се договориле во меѓусебна координација пред состанокот. Затоа не сакам премногу сега да зборувам, додека не се заврши работата. Ги знам сите детали, рече Мицкоски.
На прашањето дали очекувал таков амандман да биде предложен од страна на ЕПП, Мицкоски рече дека Андреј Ковачев е член на ЕПП/ЕНП и секако дека очекувал.
-Добро е што ја поминавме оваа прва препрека и добро е што сите видоа дека не е суштината неколку стотини Бугари, дека е многу подлабока. Не знам дали ќе успееме и на пленарана, следат две недели кога жестотко ќе се бориме. Но, светот и Европа видоа и ова прашање ќе се покрене сега и во Хаг и на сите наредни сесии во НАТО… Дали некоја земја членка на НАТО Алијансата попречува некоја друга земја членка и соп тоа ја нарушува безбедноста во регионот?!, реагираше македонскиот премиер.
Мицкоски истакна дека дека во 21 век во Европа ние сеуште се бориме идентитетски прашања, за нашиот мајчин јазик и дека не се вистинити пораките од поедини политичари од Брисел дека никогаш идентитетот и јазикот не биле предмет на разговори и преговори, дека тие биле бетонирани запечатени, затворена тема…
-Да ќе има амандмани, и повторно можеби поедини групи во парламентот ќе поддржат амандмани, ние не можеме да им забраниме, но важно е дека сите видовме дека не е неколку стотини Бугари во Уставот, дека болката е подлабока, дека е вековна. Ние ќе се бодиме, не знам дали ќе успееме, но видоа граѓаните со што се соочуваме и која е главната тема, рече Мицкоски.