Покрај тоа што градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада, и најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра ќе бидат за враќање на стари долгови направени од претходната влада на СДСМ и ДУИ, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски рече дека минатата година, во месец јануари, вратиле 500 милиони евра еврообврзница, која ја зела претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја зела пред четири години.
– Така што, ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови, се разбира, ако било идеално, ќе било поинаку, нема идеално, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но имаме план и средствата се обезбедени, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека дел од заемодавателите на оваа еврообврзница се врвни светски компании, кои никогаш досега не се појавиле на Балканот.












