Мицкоски – Орбан: Стратешкото партнерство ќе се развива со уште поголема динамика

55
Foto: Facebook/HristijanMickoski

Премиерот Христијан Мицкоски во Будимпешта имаше средба со претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбанr.

Мицкоски објави дека разговорот бил фокусиран на одличната билатерална соработка помеѓу Македонија и Унгарија, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување.

Унгарија е наш искрен пријател, силен поддржувач на македонската европска интеграција и важен стратешки партнер. Во разговорот нагласив дека Македонија останува цврсто посветена на својот европски пат, на остварувањето на европската перспектива и на зачувувањето на стабилноста во регионот. Изразив благодарност за постојаната поддршка од страна на Унгарија со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика, наведува во објавата претседателот на македонската Влада.

Мицкоски во Будимпешта присуствува на СРАС конференција (The Conservative Political Action Conference) која се смета за најголем и највлијателен собир на конзервативните партии во светот.

ИЗДВОЕНИ