МИ5 ги предупреди британските политичари за шпиони: „Внимавајте ако некој претерано ви ласка“

162
Foto: Unsplash

Британската домашна разузнавачка агенција МИ5 денес издаде јавно предупредување до британските политичари дека се „на мета на шпиони од Кина, Русија и Иран“, објави Ројтерс.

Предупредувањето доаѓа една недела откако обвинителите изјавија дека мора да го прекинат судењето на двајца Британци обвинети за шпионирање на британски политичари за Кина, бидејќи британската влада не успеала да обезбеди докази што покажуваат дека Кина претставува закана за нејзината национална безбедност.

„Внимавајте на необични социјални интеракции и ласкање“
МИ5 ги повика политичарите да бидат „внимателни на необични социјални интеракции“, вклучувајќи ги и честите барања за приватни состаноци, и да бидат претпазливи да не доживеат „прекумерно ласкање“, според Ројтерс.

„Секое лице кое го чита ова упатство длабоко се грижи за улогата што ја игра во британската демократија. Преземете акција денес за да ја заштитите неа – и себеси“, рече Мекалум.

ИЗДВОЕНИ