Двократната победничка на „Макфест“ убедливо ѝ се враќа на македонската поп-сцена. Обожавателите отворено ѝ коментираат на Јанева: „Земјотрес си од убавина, љубов со сите сетила“. „Земјотрес за моето срце, губам рамнотежа од убавина на шлaгерот“. „Ни се враќаш со својот препознатлив стил на музика. Браво, Александра!“
Александра Јанева, познатата македонска поп-пејачка, двократната победничка на „Макфест“ и на музичкото шоу „Сите наши песни“, родена струмичанка, по толку многу успеси на естрадната сцена и по подолга пауза, среќно се враќа. На задоволство на своите обожаватели. Има нова песна, која е, всушност стар македонски шлагер, но овој пат, одлично преработен и одлично испеан. Јанева е инспирирана од поранешните времиња, кога на македонската поп-сцена цутеа хитови и кога речиси секоја песна потоа стануваше евергрин. Александра Јанева настапила и победила и на натпреварот на Француска шансона со својата преработка на познатата песна-шансоната L’amour en heritage од репертоарот на легендарната француско-грчката пејачка Нана Мускури.– Оригиналната песна со нашата Данијела „Ми подаваш рака“, одамна ме има освоено. Затоа си зададов цел еден ден да ја снимам на свој начин. Мислам дека успеав, вели Јанева.
И секако дека Александра воопшто не згрешила со изборот. Обновена и испеана со нејзиниот моќен глас, песната звучи уште посвежо. Овој проект, Јанева го најавуваше веќе подолго време. Инспирирана од минатото со жичка на носталгичност, Јанева ја маѓепсува публиката.
Обожавателите отворено ѝ коментираат на Јанева: „Земјотрес си од убавина, љубов со сите сетила“. „Земјотрес за моето срце, губам рамнотежа од убавината на шлагерот“. „Ни се враќаш со својот препознатлив стил“. „Браво, Александра! Само продолжи така и имај голем поздрав од Србија!“ „Кako и секогаш, ти си беспрекорна…“
Новиот реаранжман на песната е дело на Лазар Цветкоски и заедно со Јанева и со модерниот звук праќаат порака дека сè што е вредно, останува за сите времиња. Така и оваа „Ми подаваш рака… и секогаш така…. тажна кога сум, во таа твоја рака гасне мојата мака, јас спокојна сум. И ништо не ме плаши штом си тука ти, блика сонце в чаши што ги полниш ти“. Автентичноста е задржана, со самото оригинално аудио што тече низ целата песна. Видеото за убавата песна што буди спомени го изработи Даниел Јовески, на многубројни локации низ атрактивниот стар Охрид. Со тоа, на песната ѝ се дава уште повеќе харизма и таа една, но вредна нота, која зрачи со топлина и со милина. (Д. М.)