Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, променливото време продолжува и во наредните денови, како и наредната недела.
За време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утре и во сабота ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи.
Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи.













