МЕТЕО АЛАРМ за силно невреме со ветер, пороен дожд и грмежи

110

Денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град.

„Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во текот на утрешниот ден кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје во понеделник и во вторник ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во долините на котлината ќе има појава на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град“, велат од УХМР, од каде препорачуваат за време на презнење за не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

ИЗДВОЕНИ