Ова го покажале последните испитувања нарачани од Министерството за култура и туризам, откако веќе беа направени еднаш од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени на Михаил Гаревски. Тоа, како што информираа од ресорното Министерство, подразбира измена и дополнување на проектот. – Направена е спецификација за измена на проектната документација и целосно нејзино обезбедување. Следно е објавување набавка за обезбедување на оваа проектна документација, по што ќе следуваат и постапките за обезбедување одобрение и избор на субјектите за изведба и надзор – објаснуваат од Министерството за култура и туризам.
Оттаму додаваат дека се очекува сите овие постапки да бидат завршени во наредните неколку месеци, најдоцна до септември, доколку бидат обезбедени сите предуслови од институциите
Металната конструкцијата на Универзална сала ќе треба статички да се зајакне. Ова го покажале последните испитувања нарачани од Министерството за култура и туризам откако веќе беа направени еднаш од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени на Михаил Гаревски. Тоа, како што информираа од ресорното Министерство, подразбира измена и дополнување на проектот.
– Направена е спецификација за измена на проектната документација и целосно нејзино обезбедување. Следно е објавување набавка за обезбедување на оваа проектна документација, по што ќе следуваат и постапките за обезбедување одобрение и избор на субјектите за изведба и надзор – објаснуваат од Министерството за култура и туризам.
Оттаму додаваат дека се очекува сите овие постапки да бидат завршени во наредните неколку месеци, најдоцна до септември, доколку бидат обезбедени сите предуслови од институциите.
Од Министерството за култура претходно образложија дека Владата донела заклучок со кој се предвидени задолженија и активности за спроведување постапки за отстранување на недостатоците и на пропустите утврдени во постапката за преземање на реконструкцијата.
– Постапувајќи по заклучоците на Владата, во тек е постапка за ангажирање адвокатски услуги за застапување во управните постапки што треба да се завршат за да се комплетира процесот – одговорија од Министерството за култура и туризам.
Имено, и претходно, додека беше Бисера Костадиновска-Стојчевска министерка во тогашното Министерство за култура, експертиза за состојбата на Универзална сала по опожарувањето правеше Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени. Таа, како што изјави тогаш Михаил Гаревски, директор на овој Институт, покажала дека нема оштетувања на металната конструкција на објектот. Приватниот институт беше избран од фирмата изведувач „Универзал Балкан“.
Тогаш, како што кажа Гаревски, иако не е оштетена конструкцијата, сепак, заедно со изведувачот на градежните работи било договорено да се заменат шесте елементите кај кои било констатирано дека се набабрени и да се направи зајакнување на прстенот.
Испитувањата беа правени детално, односно со 30-метарски кран, при што беше направена детална визуелна инспекција до највисоката точка на куполата.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, уште при преземањето на функцијата министер, тврдеше дека преземањето на Универзална сала од Град Скопје е незаконски спроведено. Тогаш рече дека целата документација за случајот во кој Министерството за култура со претходната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска ја презеде Универзална сала заради изградба, е предадена во Обвинителството за да се истражи.
Одлуката за преземање на Универзална сала беше изгласана во Советот на Град Скопје, во септември 2023 година.
Пожарот во Универзална сала избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за нејзина реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма „Универзал Балкан“ рекоа дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.
(А. П.)