Мета воведува задолжителен избор за корисниците во ЕУ од јануари 2026 година: дали сакаат персонализирани реклами или не.
„Мета“ се обврза да им понуди на корисниците на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ во Европската Унија јасен избор за тоа дали сакаат персонализирани реклами. Ова ќе ја доведе компанијата во согласност со Европскиот закон за дигитални пазари (DMA) и претставува најголема промена во рекламниот бизнис на „Мета“ на пазарот на ЕУ досега.
Европската комисија наведува дека ова е прв пат ваков избор да се понуди на социјалните мрежи на компанијата.
Во јуни, ЕК ја предупреди Мета за можни казни откако компанијата објави дека ќе направи само ограничени промени во својот модел на плаќање и согласност за споделување податоци, со цел да се усогласи со законот.
„Мета“ беше казнета со 234 милиони евра во април откако антимонополската агенција на ЕУ соопшти дека рекламниот модел на компанијата го прекршил законот помеѓу 2023 и 2024 година.












