Полицијата поднесе кривична пријава за „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи„ против директорот на кичевски Комуналец и уште четворица други, бидејќи направиле дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево. Осомничениот директорот давал задолженија на вработените секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи.
„З.Ј.(директор) постапил спротивно и на одредбите од Законот за управување соа отпад и Законот за заштита на животната средина затоа што депонија ја формирал на државно земјиште во населениот дел на Кичево без одлука на Советот на општина Кичево, без градежна дозвола и без да поседува Интегрирана еколошка дозвола и Елаборат за заштита на животната средина“ стои во пријавата против осомничениот
На дивата депонијата дошла инспекција од Државен инспекторат за животна средина на 04.06.2025, а полицајците ги затекнале Б.Б., С.А., Д.Ј. и Ф.Т., сите вработени како возачи ЈКП „Комуналец“, како истураат комунален отпад од специјални возила за собирање отпад. (П.А.)