Меси не сака да слушне за Барселона додека тој човек е во клубот

135
epa08085218 FC Barcelona's Argentinian striker Lionel Messi (L) duels for the ball with Deportivo Alaves' Spanish defender Ruben Duarte (R) during their Spanish LaLiga Primera Division soccer match played at Camp Nou stadium in Barcelona, Spain, 21 December 2019. EPA-EFE/Alberto Estevez

Лионел Меси ја напушти Барселона во летото 2021 година, што беше најголемиот шок во светот на фудбалот. Се очекуваше да го продолжи договорот и да остане, но на крајот тоа не се случи и тој замина во ПСЖ.

Жоан Лапорта потоа одржа проштална прес-конференција за Меси и рече дека клубот не може да го продолжи неговиот договор поради финансиски проблеми и дека направиле се што можеле но не успеале.

За Меси веста дека мора да најде нов клуб беше неверојатен шок бидејќи претходно решил се со Барса околу продолжувањето, а кога требал да стави потпис на договорот му ја соопштиле веста од која Аргентинецот се опоравувал со месеци.

Аргентинецот замина во ПСЖ каде играше две сезони, но беше јасно колку има проблем да се вклопи во новата средина. Меси веќе две години игра во Америка за Интер Мајами, а неодамна се појавија информации дека би можел да се врати во Барселона.

Навивачите на Барса беа воодушевени од веста дека Меси сака да се врати и да ја заврши кариерата во каталонскиот клуб, но на крајот се покажа дека тоа не е вистина.

Ништо нема од враќањето на Меси во Барселона, барем не додека Жоан Лапорта е претседател, бидејќи Аргентинецот никогаш не му простил за тоа што го „направил“ пред четири години и што на таков начин го принудил да го напушти клубот.

Дури се шпекулираше дека Барселона можеби ќе организира натпревар во чест на Меси кога тој ќе се врати на реновираниот „Камп Ноу“, но и тоа на крајот пропадна.

Меси јасно стави до знаење дека во моментов не сака да има ништо со Барселона поради луѓето кои го водат клубот, а тоа пред се значи Лапорта.

Неговиот однос со Барселона во последните години целосно се залади, поради што тој дури и одбива јавно да зборува за тоа. Меси смета дека Лапорта е најголемиот виновник што ја напушти Барселона пред четири години бидејќи веќе јасно стави до знаење дека сака таму да ја заврши кариерата.

ИЗДВОЕНИ