
Моментално најпознатиот клуб во американската МЛС лига, Интер од Мајами, најверојатно ќе биде следната дестинација на искусниот напаѓач од редовите на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Тимо Вернер. Повремениот репрезентативец на Германија не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и затоа сериозно размислува за промена на клупската средина за време на зимскиот преоден рок.










