
Лионел Меси пред неколку години одлучи да ја продолжи кариерата во Америка, поточно во дресот на Интер Мајами.
Легендата на Барселона постигна 52 гола откако се пресели во МЛС во 2023 година, а неговиот договор со актуелниот клуб истекува во декември оваа година.
Преговорите за продолжување на договорот траеа со недели, но одеднаш се појави можност Меси да се пресели во Саудиска Арабија. Францускиот весник „Л’Екип“ објави бомба, тврдејќи дека Ал Ахли испратил примамлива понуда за него.
Овој тим донесе неколку големи ѕвезди како Ријад Марез, Роберто Фирмино, Кеси, Едуар Менди и Иван Тони. Роналдо беше првиот голем играч што дојде во Саудиска Арабија во декември 2022 година, кога потпиша за Ал Наср.
Откако дојде во Саудиска Арабија, Роналдо се соочи со многу новини, но едно правило му беше особено чудно.
„Да речеме, во Европа тренираме повеќе наутро, а овде тренираме попладне, а ако е Рамазан тогаш тренираме навечер во 10 часот“, изјави Роналдо и продолжи:
„Многу е чудно и потребно е време да се навикнеш на тоа. Сакам да живеам за вакви работи. Да, тешко е, но со текот на времето се навикнуваш на тоа“, додаде Роналдо.