Меси ја напушта Америка, еден клуб е фаворит за неговиот потпис!

1055
epa10796087 Inter Miami's Lionel Messi celebrates after scoring the 4-0 goal during the Leagues Cup quarter final soccer match between Inter Miami CF and Charlotte FC in Fort Lauderdale, Florida, USA, 11 August 2023. EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Oд САД пристигнаа големи вести во врска со Лионел Меси и неговата клупска иднина. Аргентинскиот интернационалец и неговиот Интер Мајами беа елиминирани од Светското клупско првенство откако загубија од ПСЖ.

Актуелниот европски клупски шампион оствари лесна победа од 4:0 против моментално најпознатиот клуб во американската МЛС лига.

Откако Интер Мајами беше елиминиран од ова натпреварување американските медиуми почнаа да шпекулираат дека Меси сака да ја напушти оваа земја и да ја продолжи кариерата некаде на друго место.

Новинарот на „ESPN Аргентина“,Естебан Едул, изјави дека Меси сака да оди во друга лига која е многу посилна шест месеци пред почетокот на Светското првенство кое се игра следната година.

Аргентина ќе биде таа што ќе ја брани титулата светски шампион, а Меси станува слободен агент во јануари, и тогаш треба да го бара својот нов клуб.

Легендарниот фудбалер на Барселона бара клуб и лига што можат да му понудат повеќе натпревари за да биде подготвен за Светското првенство што е можно поскоро.

Едул тврди дека преговорите меѓу Лео Меси и Интер Мајами во врска со нов договор се во мирување, сето тоа поради моменталната ситуација.

Веднаш, новинарите почнаа да бараат фаворит за неговиот потпис, а наводно дури девет клуба се во игра за да го доведат Меси.

Сепак, постои еден голем фаворит, а тоа е каталонскиот гигант Барселона, додека на второто место е Њуелс Олд Бојс, матичниот клуб на Меси.

Тука е и германскиот бундеслигаш Баерн (М), но и уште еден од неговите поранешни клубови, што е, секако, ПСЖ.

Покрај овие клубови, новинарите го споменуваат и интересот на Ал Наср, Ал Хилал, Манчестер Сити, Челзи и Арсенал.

Јануари сигурно ќе ни понуди многу возбуда за тоа каде Меси ќе ја продолжи кариерата ако дотогаш не го продолжи договорот со Интер Мајами.

ИЗДВОЕНИ