
Иако се запознаени со фактот дека пред неколку дена потпишал нов едногодишен договор, раководните лица на турскиот суперлигаш Галатасарај ќе се обидат да ги осигураат услгите на најголемата ѕвезда во дресот на Интер Мајами, Лионел Меси, пренесуваат тамошните медиуми. Истите извори додаваат дека челниците на гигантот од Истанбул се подготвени на Меси да му понудат годишна плата поголема од таа која моментално ја заработува МЛС.











