Интер Мајами во последното коло од групната фаза на Светското клупско првенство со реми против Палмеирас (2:2) си обезбеди место во нокаут фазата.

Иако од овој натпревар мина доста време, со задоцнување едно видео од пред стартот стана хит. Имено, една бабичка која има 98 години направи симпатичен потег. Таа при загревањето извади плакат на кој имаше напишано: „Меси, дали ќе се омажиш за мене?“.

Аргентинската ѕвезда го забележа тоа и иако прво имаше „кисел“ израз на лицето, ја поздрави бабичката и нејзиниот уникатен потег.

ИЗДВОЕНИ