Мерц: Очекувам САД да продолжат да го бранат Гренланд заедно со Данска

64
Фото: EPA/HALDEN KROG

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изрази очекување дека САД ќе продолжат да го штитат Гренланд заедно со Данска, но дека тековните разговори ќе ја одредат точната природа на таа соработка, пренесе „Блумберг“.

„Водиме многу детални разговори со Данска и едноставно сакаме да соработуваме за да ја подобриме безбедносната состојба на Гренланд“, рече Мерс.

Тој додаде дека разговорите во следните неколку дена и во недела ќе покажат во каква форма ќе продолжи соработката по ова прашање.

Претходно, „Блумберг“ објави дека група европски земји, предводени од Велика Британија и Германија, разгледуваат планови за зголемување на своето воено присуство во Гренланд за да му покажат на американскиот претседател Доналд Трамп дека се сериозни во врска со безбедноста на Арктикот.

Германија ќе предложи воспоставување заедничка мисија на НАТО за заштита на арктичкиот регион, според извори запознаени со плановите.

Британскиот премиер Кир Стармер одделно ги повика сојузниците да го зајакнат своето безбедносно присуство на далечниот север и неодамна им се обрати на лидерите, вклучувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, за да разговараат за ова прашање.

ИЗДВОЕНИ