недела, февруари 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мерна станица на Крива Река

Мерна станица на Крива Река

42

Општина Крива Паланка постави современа мерна станица за проточност на водата на подрачјето на Крива Река.

Од Општината информираат дека оваа напредна технологија овозможува: следење на проточноста во реално време, анализа на трендовите и на можните ризици, навремено предупредување и подобро управување со водните ресурси.

– Со новата станица, локалната заедница добива силна алатка за превенција и справување со ризикот од урбани поплави, кои претставуваат сериозна закана за инфраструктурата, животната средина и за секојдневието на граѓаните – истакнаа од Општина Крива Паланка.

Оваа активност е дел од заедничките заложби на партнерите во проектот „UrbanFloods“ за изградба на поотпорни и побезбедни заедници во Јадранско-јонскиот Регион.

Проектот „UrbanFloods“ е кофинансиран од Европската Унија, преку програмата IPA ADRION, заедно со Центарот за управување со знаење (ЦКМ).

ИЗДВОЕНИ