четврток, февруари 12, 2026
Дома СВЕТ Меркел ќе се кандидира за претседател на Германија?

Меркел ќе се кандидира за претседател на Германија?

42

Некогашната германска канцеларка, Ангела Меркел, би можела да се врати на политичката сцена како кандидатка за сојузна претседателка во 2027 година, пишуваат германските портали „Билд“ и „Фокус“.

Иако засега нема официјална потврда ниту од ЦДУ ниту од други партии, шпекулациите добија на тежина бидејќи некои кругови – особено од редовите на Зелените и делумно од социјалдемократите (СПД) – ја гледаат Меркел како можно лице кое обединува во време на сѐ подлабоки политички поларизации.

Меркел е во пензија од 2021 година, но нејзиното политичко влијание и симболична тежина остануваат силни. Односите меѓу Меркел и актуелниот канцелар, Фридрих Мерц (ЦДУ), се одамна нарушени.

Идејата Меркел да стане претседателка доаѓа како можно балансирање на десниот курс на Мерц и сигнал за стабилност. Иако функцијата на сојузниот претседател е претежно церемонијална, таа има силно морално и политичко влијание. Претседателот не го избираат граѓаните, туку  специјално тело наречено Бундесферамлунг, составено од пратениците во Бундестагот и ист број претставници именувани од покраинските парламенти. За избор е потребно апсолутно мнозинство во првите два круга, а потоа доволно е и релативно мнозинство.

Меркел би можела да добие поддршка од опозициските Зелени и СПД, доколку тие решат да поддржат кандидат надвор од актуелната парламентарна коалиција. Од ЦДУ, пак, се размислува и за други имиња, меѓу кои се споменуваат Јулија Клекнер (претседателка на Бундестагот) и министерката за образование Карин Прин, кои се блиски до канцеларот Мерц.

ИЗДВОЕНИ