Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, ја повика Европската Унија да се обедини во екот на војните и на кризите, како и на протекционистичката политика на американскиот претседател, Доналд Трамп. Таа, исто така, ги охрабри реформите на блокот од 27 члена, објави германската новинска агенција ДПА.
Меркел зборуваше на симпозиум на Фондацијата „Конрад Аденауер“ (КАС), поврзана со партијата ЦДУ, за Лисабонскиот договор на ЕУ. Рече дека кога гледа како се бори Европа геополитички со Русија, „со различните идеи од нашите пријатели во Соединетите Американски Држави“ или со Кина, помислува: „Што може да постигне една единствена земја членка на Европската Унија таму?“
Наспроти дебатите за реформите на ЕУ, Меркел предупреди дека оние што носат политичка одговорност денес, мора да ја одржат „фината рамнотежа помеѓу не премногу регулатива и многу регулатива“.
Таа рече дека недостиг на Лисабонскиот договор е тоа што мора да се свика европска конвенција за големи промени.
– Мораме да бидеме внимателни како Европска Унија, да не се направиме неспособни за дејствување – предупреди таа.