Тимот на Мерцедес објави дека Џорџ Расел и Кими Антонели ќе продолжат како негови возачи и во претстојната сезона.

  • Потврдувањето на нашиот состав на возачи отсекогаш беше прашање кога, а не дали. Сакавме да одвоиме време, да ги спроведеме преговорите правилно и да се осигуриме дека сите, од сите страни, се задоволни. Мило ми е што го направивме тоа. Џорџ и Кими се покажаа како силен пар и возбудени сме што ќе го продолжиме нашето патување заедно. Нашиот фокус сега е на последните шест трки од годината, додека се бориме за второто место во шампионатот на конструктори, а потоа и на 2026 година и на новата ера во Формула 1 – изјави шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф.

 

ИЗДВОЕНИ